• Почетна
  • Услуги
  • Обуки
  • Производи
  • Референци
  • За нас
  • Контакт


Обуките се наменети за личен напредок на кандидатите и деловен развој на компаниите и организациите во управување со човечките ресурси, стратешки менаџмент, лидерство и бизнис-менаџмент, управување со промени, кризи и континуитет во работењето, унапредување на продажбата, домашната и меѓународната трговија.


Know-how семинарите можат да се реализираат како интерни обуки за поголеми групи претставници на исто претпријатие или организација, со можност за прилагодување на програмата според потребите на клиентот. За специфични потреби на клиентите предлагаме пакет обуки составени од неколку know-how семинари.

Know-how семинарите можат да се реализираат низ couching пред мали групи на извршниот менаџмент или поединечно - со по еден претставник на менаџментот.

За повеќето претпријатија и организации од поширокиот регион, можноста за реализација на интерна обука ќе им ги намали трошоците споредено со испраќање на поединци на отворени обуки и семинари, но истовремено со интерната обука ќе добијат кориснички прилагодена програма фокусирана за менаџерскиот тим, кој ќе се обучува во една група и со тоа ефектно ќе се постигнат целите на обуката.

МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

МЕНАЏМЕНТ

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ТУРИЗАМ

МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА  ^

Во денешното деловно опкружување претпријатијата се под голем притисок да остварат профит во кратко време, најчесто со намалување на трошоците, зголемување на продажбата, но истовремено да остварат и долгорочно зголемување на вредноста и брендот на претпријатието.

повеќе...

 

Доколку приходите од продажбата се намалуваат, односно растот на продажбата е помал од 20% во однос на претходната година, проблемот ќе се надмине со примена на техники за стимулирање на продажбата.

повеќе...

 

Бизнис-промотори се поединци, агенции или софтверски алатки кои се користат да се рекламираaт или промовираaт производи и услуги за потрошувачите. Бизнис-промоторoт може да ja постигне оваа цел со помош на традиционалнoтo рекламирање и методи за публицитет или да употреби понова технологија, за да привлече внимание и да освои нови клиенти.

повеќе...

 

МЕНАЏМЕНТ    ^

Менаџментот на континуитет и одржливост треба да обезбеди да продолжат бизнис-процесите во услови на економска или социјална криза, природна непогода или други ситуации кои можат да го загрозат континуитетот на работењето.

повеќе...

 

Обуката за лидерски вештини на учесниците ќе им овозможи увид во практични методи за развој на нивните лидерски способности и нивна практична примена за зголемување на моралот и продуктивноста на нивното деловно и пошироко опкружување.

повеќе...

 

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ   ^

За напредок и усовршување на одговорните лица за управување и развој на човечките ресурси, од голема важност е размената на искуства со колегите. На оваа обука учесниците ќе имаат можност за размена на искуства и двострано учење од колегите.

повеќе...

 

Team building е процес кој помага вработените во компанијата или организацијата да изнајдат стратегија, мотивација и начин на делување за заеднички и ефективно да ги остварат поставените цели и задачи.

повеќе...

 

ТУРИЗАМ   ^

Туристичкиот маркетинг е дефиниран како „континуирана адаптација на туристичкиот производ наспроти пазарот на кој е насочен“. За успешен маркетинг на туризмот во одредена дестинација, регион или држава е потребна соработка на сите учесници во подготовката на туристичкиот производ, за тој да може како интегриран производ да му се понуди на потрошувачот - туристот.

повеќе...

 
 

контакт-лице

Христина Софеска
информации/пријави

тел. (02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

e-mail:
hristina@cosmoinnovate.com.mk

повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за КОНФЕРЕНЦИИТЕ >>

повеќе за СТУДИИТЕ >>

повеќе за RELAX-програмата >>

кредит-систем ECTS (pdf.)

кредит-систем ECVET

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

ТРЕНЕРИ

 

пријава за КУРС (.doc)

пријава за KNOW-HOW семинар (.doc)

пријава за EUREM (.doc)

пријава за RELAX-програма (.doc)

 

Обуките во LIFE Long Learning програмата на КОСМО Иновативен Центар се спроведуваат согласно препораките во документите на Копенхагенскиот Процес

Рзолуција на Европскиот Парламент од 18 декември 2008 година со препорака на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за воведување кредит-систем за образованието за возрасни - European Credit System for Vocational Education and Training (ECVET) 

За регистрирање на активностите на студентите потребни за релизација на наставните програми и добиените знаења и компетенции со соодветните курсеви во образованието дефинирано со EUROPASS

Имплементирање на ECTS (од циклусот 2005/06 во LIFE Long Learning програмата на КОСМО Иновативен Центар)

Имплементирање на ECVET (European Credit System for Vocational Education and Training) во LIFE Long Learning во програмата на КОСМО Иновативен Центар - циклус обуки 2009/2010

 

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.