![]() |
|
НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА Со завршување на обуката за сите предмети (Инвестициско планирање и менаџмент, Сметководство и Финансиско планирање и анализа), кандидатите добиваат сертификат за финансиски менаџер.
УСЛОВ ЗА УПИС Завршено минимум средно образование или високо образование од сите профили
ЦЕНА 110 часа: 16.760,00 денари
(плаќање на |
|
ГРУПА - септември 19 септември 2011
ГРУПА - февруари 6 февруари 2012
|
|
|
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ Основна цел на финансиската функција во малите и средните претпријатија е навременото и под најповолни услови обезбедување фондови за понатамошен развој на претпријатието. Менаџирањето на современите претпријатија е составено од низа процеси, тековни активности и акции, а развојот се остварува преку еден или повеќе паралелни проекти. Финансирањето на проектите е збир на активности, со кои се утврдуваат потребните средства за реализација на еден инвестиционен проект и се обезбедуваат изворите со кои би се финансирал, односно финансискиот менаџмент ги усогласува износите на потребните средства со финансиските извори. Обуката на учесниците ќе им понуди детална практична едукација за основните концепти на сметководството, за да можат многу подобро да ги менаџираат финансиите во инвестицијата и тековното работење. Обуката детално ги разработува темите за изготвување финансиски извештаи и следење на економската ефикасност на инвестицијата и тековното финансиско работење. |
|||
|
По завршување на обуката, учесниците ќе бидат во можност самостојно да подготват финансиска анализа на инвестициската програма и препорака за заклучна оценка за прифатливост на проектот. Анализата ќе опфати неколку аспекти: инвестициски вложувања во основни, обртни средства и останати вложувања со динамика на вложување и извори на финансирање на инвестицијата, обврски кон постојните и нови кредити, пресметка на параметрите и анализа на финансиската успешност. |
|||
|
Во пакетот
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ |
![]() |
||
|
60 часа / 4 кредити - повеќе... |
20 часа / 1,5 кредити - повеќе... |
||
|
30 часа / 2 кредити - повеќе... |
|||
|
На кандидатите за секој предмет од обуката им следува печатена литература: |
![]() |
![]()
|
![]() |
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор. |
Почетокот на предавањата е од 6 февруари 2012 година
Обуката се реализира во
четири
месеци
ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија тел. +389 2 244 8077,8134 фах. +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk
|
контакт-лице
Закон за образование на возрасните (.pdf)
распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf) распоред за семинари ЕСЕН-ЗИМА 2011-2012 (.pdf)
|
|
||||||||||||||||||||||||
|
почетна услуги обуки производи референци работа за нас контакт |
||||||||||||||||||||||||
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |
||||||||||||||||||||||||