ПАРТНЕРИ

 

Цена

10.950,00 денари
(на четири месечни рати по 3.650,00 денари)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

цена

10.950,00 денари

на три месечни рати по 3.650,00 денари


фонд на часови: 42 / ECVET кредити: 2,5
(еден наставен час - 40 минути)


предавачи: Владимир Матевски, Вејсел Сарач и Ирена Крстевска
ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Финансиски асистент


Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со уплата на една рата од котизацијата се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

Финансиските асистенти во современите претпријатија и организации често покрај финансии како работи задачи добиваат и обврски од област на општи и правни работи, канцелариско и архивско работење.

Обуката za финансиски асистенти ги опфаќа основните сметководствени принципи, финансиските извештаи и нивна проценка, го објаснува вистинското значење на сметководствените термини и начинот на мерење на финансиските перформанси. Исто така, ќе се утврди значењето и влијанието на сметководствените стандарди, како и промената на меѓународните сметководствени стандарди и нивното влијание во тековното работење.

Учесниците во текот на семинарот ќе научат:

  • како да ги читаат финансиските извештаи

  • како да ги користат докажаните сметководствени методи за предвидување приходи и планирање на растот

  • како да дискутираат и да ги презентираат финансиските податоци во соодветната терминологија

  • што значат и како да ги користат основните термини кои ќе им помогнат да зборуваат на јазикот на финансиите и сметководството

  • да подготвуваат и контролират основна тековна сметководствена и финансиска документација

  • самостојно да управуваат со материјално сметководство

  • да изготвуваат општи правни документи и основна архивска евиденција

  • практични финансиски вештини, кои ќе помогнат за донесување подобри одлуки за управување на претпријатијата и организациите

Менторство
Услугата за менторство значи поддршка во воведување и подобрување на процедурите на финансиското сметководство во претпријатијата во текот и после обуката за сметководство, обезбедено од предавачите/ментори во Сметководствено биро - ДДВ Консалтинг Скопје или во објектите на претпријатието.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • месечна пресметка на плата: основна плата, пресметка од бруто кон нето и од нето кон бруто, боледување

  • надоместоци на трошоци поврзани со работа (дневници за службени патувања, користење на сопствено возило за службени потреби)

  • пријава и одјава на работници - пријавување социјално осигурување (M1), одјавување социјално осигурување (M2)

  • договори за вработување M1/M2

  • примена на сметководствени принципи и начела

  • контрола и комплетирање на документација

  • склучување на финансиски картици со соработниците

  • изготвување, анализа и прогноза на финансиски извештаи

  • буџетирање на готовина

  • изготвување на попусти

  • водење на благајна

  • конфирмација на документи и архивска евиденција - водење деловодник

  • примање и издавање документи

  • водење на книги на влези/излезни фактури

  • изготвување на фактури и основни финансиски документи

  • пресметка на даноци

  • материјално сметковдство (големопродажба и малопродажба)

  • анализа на финансиски извештаи, прогноза на годишни приходи,
    прогноза на финасиски извештаи

  • стандарди и прописи, применa na правила на евиденција, дописи, известувања, одлуки

  • подготовка и распроед на работни активности

Финансискиот асистент може да има различна улога споредено од еднo до другo претпријатие и организација, но најмногу се очекува да придонесе кон финансиското одделение. Во современите претпријатија и организации финансиски асистент e лице за контакт на надворешното или внатрешното сметководствено одделение. Финансискиот асистент директно соработува со финансискиот раководител, но во согласност со потребите и со раководителите, проектните координатори и останатите вработени.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.