• ??????a
  • ??????
  • ?????
  • ?????????
  • ?????????
  • ?? ???
  • ???????

Литература

Сите учесници на обуката ќе добијат печатена литература

МАРКЕТИНГ - РЕКЛАМИРАЊЕ И БРЕНДИРАЊЕ

 

  

Цена

16 часа:

5.900,00 денари

(плаќање на две рати)

 

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за авансни уплати за еден учесник

- попуст од 10%

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

цени 2011/2012 (.pdf)

 

 

10  април - 22 мај 2012 година

вторник: 17.30 - 19.30 часот (x 6 термини)

фонд на часови: 16 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавачи: Савица Поп Тонева и Сузана Николовска

(CV, тренери)

ГРУПА - април

10 април - 22 мај 2012

 

ГРУПА - октомври

1 октомври 2011

 

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. 

сертификат:
Економска пропаганда и промоција



Економската пропаганда (рекламирање, advertising) е насочена кон директно поттикнување на потрошувачот за купување одреден производ или услуга. Економската пропаганда како промотивна активност ја зацврстува комуникацијата на производителот со потрошувачот. На тој начин се создава взаемна доверба меѓу производителот и потрошувачот, односно економската пропаганда влијае врз куповните навики и придобивање на купувачите и придонесува за зголемување на обемот на продажбата.

Брендот е идентитет, тоа е она што ги прави една компанија, производ или услуга препознатливи и различни од своите конкуренти. Брендот е многу повеќе од лого, палета на бои или избор на фонт - тој се идентификува како збир од вредности и асоцијации.

Брендирањето е целокупното искуство на потрошувачот, релацијата меѓу компанијата и клиентот; тоа претставува начин на кој компанијата ги креира чувствата на клиентот и се применува подеднакво online и offlinе.


Цели на семинарот

Целта на семинарот е учесниците да развијат ефективна B2B и B2C промотивна продажна стратегија и бренд-идентитет, користејчи ги класичните и новите интерактивни медиуми.


Учесниците на семинарот ќе ги разберат клучните концепти во успешното рекламирање и најчестите грешки во рекламирањето. Ќе го увидат значењето на правилно сегментирање на целните пазари за рекламирање и изборот на соодветен медиум за рекламирање. Обуката ќе им помогне на учесниците да ги подобрат способностите за самостојна подготовка и реализација на рекламна кампања.

Во денешното време на интернет, купувачите се тие кои ќе одлучат дали ќе одговорат на рекламата, а во многу случаи тие одлучуваат дали воопшто ќе ја гледаат рекламата. Со оглед на тоа што е важно да се постигне блиска линија меѓу брендирањето и бренд-искуството, интернет бренд-искуството најбрзо се постигнува со веб сајтот.

Со завршување на семинарот кандидатите ќе ги научат и основите на виртуелното брендирање:

  • што ќе го натера купувачот да тргне во шопинг (search engine, линкови, партнери, маркетинг и друго)

  • како купувачот се третира на влезот (home page)

  • како персоналот го третира купувачот (навигација, online поддршка, online нарачки)

  • изглед на внатрешноста на продавницата (дизајн на веб сајтот)

  • како се поставени производите на полиците (архитектура на веб сајтот, едноставност за употреба, повици за акција)

  • како производот или услугата доаѓаат до купувачот (реализација)

  • како компанијата управува со личниот контакт и комуникација (информации за продажба)

  • што ќе го натера купувачот да ја пренесе информацијата на пријателите (viral маркетинг, e-mail до пријателите, социјални мрежи и друго)

Семинарот ќе се фокусира на следните теми:

1.   Реклама и промоција

  • низ кои принципи се спроведува рекламирањето

  • буџет на маркетинг

  • елементите на промотивниот микс: (економска пропаганда, лична продажба, унапредување на продажбата, публицитет и односи со јавноста)

  • промотивен план

  • промотивна кампања

2. ЕКОНОМСКА ПРОПАГАНДА

  • Поим и значење на пропаганда

  • Процес на управување со пропаганда

  • Одредување на цели на пропаганда

  • Планирање на буџет на пропаганда (средства, медиум, економско пропагандни пораки)

  • Креирање на пропагандни пораки

  • Креирање и избор на средства на пропаганда (соработка со новински куќи, телевизија и радио)

  • Мерење на резултати на пропаганда

  • Продажна промоција

  • Публицитет и односи со јавност

  • Лична продажба

 3. Брендирање - поим и дефиниција
   - Кој го поседува брендот?

3.1. Потекло на брендингот
    -  Историја на брендингот

3.2. Дисциплини на градење бренд
    - Дисциплини на градење бренд
    - Архитектура на брендот

3.3. Лојалност кон брендот
    -  Однос online/offline бренд

3.4. Брендинг 2.0
     -  Социјални медиуми и брендирање

3.5 Е-брендинг примери

На обуката ќе се презентира модел на купувач и практично решение за ефективна промотивна стратегија вклучувајќи B2B и B2C пристап, што на учесниците ќе им помогне во менаџирањето и реализацијата на продажбата во своите претпријатија.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

Семинарот 

ЕКОНОМСКА ПРОПАГАНДА И ПРОМОЦИЈА

ќе започне на

10 април 2012 година

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист

тел.
(02) 2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf)

распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)

 

цени 2011/2012 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.