|
ИНДИВИДУАЛЕН
ПРИСТАП
Пред доаѓањето на обуката секој пријавен учесник треба да пополни
прашалник, со што ќе ни
помогнете да ги согледаме индивидуалните познавања и состојби на менаџирање на
надворешно-трговското работење
во вашето претпријатие или организација. Ова е значајна компонента на
обуката која ќе овозможи дискусија на конкретни прашања и решавање на конкретни
проблеми за време на обуката, како и развој на индивидуален акционен план за
секој учесник во неа.
ЛИТЕРАТУРА
Сите учесници на
обуката ќе добијат печатена литература.
КОТИЗАЦИЈА:
24
часа:
7.490,00 денари по лице со плаќање однапред на сметка на КОСМО Иновативен Центар
бр. 210-0575582401-20, ДБ 4030003477844 во Тутунска Банка АД Скопје или во
готово во нашата канцеларија
за двајца
пријавени учесници - попуст од 10%
|
ПРОГРАМА
ЗА НЕФИНАНСИСКИ УСЛУГИ
Градење капацитет на претприемачи
ЕУ-НОРМИ
(СТАНДАРДИ)
11.7 - 13.7.2008
петок 12.00 - 17.30 часот
сабота/недела 9.30 - 16.30 часот
предавач: Ing. Wilma Kovarik
(CV, .pdf)
јазик за
реализација: германски
(со симултан превод на македонски)
Целна група
Претприемачи од мали и средни претпријатија, претставници на
службите во претпријатијата кои се занимаваат со правни прашања, претставници од
организациите кои се занимаваат со сертифицирање и претставници на институции за
стандардизација.
Цели на семинарот
(модулот): Семинарот ЕУ-НОРМИ е подготвен
да им помогне на учесниците во донесувањето одлука за настап на
странските пазари, без да ги повторат вообичаените грешки при позиционирањето на
компаниите на овие пазари.
Во текот на обуката ќе се објаснат сите аспекти на европските
норми, системи за стандардизација и сертифицирање кои производите
и услугите треба да ги задоволат за нормална реализација на извозниот
процес и оперативните извозни процедури кои се во согласност со царинските и
други барања.
Семинарот им нуди можност на учесниците:
-
да се запознаат со темелите на
европските норми и методите на стандардизација
-
да можат
да го проценат дејството на конвенцијата на стандардизација на економијата
-
како и да се запознаат со
европските системи за сертифицирање
Содржини на семинарот:
-
Дефиниција за норми: Норма е
документ.
-
Европска организациона
стандардизација
-
Интернационални институти за
стандардизација
-
ЕУ системи за сертифицирање
Наставата се одвива во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, кои
се oпремени
со современи аудио-визуелни технички средства за настава
flip-chart PC
Pentium IV за секој
кандидат, DSL интернет-конекција,
LCD-проектор
итн.
Ве молиме, потврдете го вашето учество со пополнување и испраќање назад на
приложената
пријава
по
факс
или
e-mail
пријава за семинар ЕУ-НОРМИ (СТАНДАРДИ) (doc.)
пријава за обуката НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКО РАБОТЕЊЕ (doc.)

Извозните
пазари се предизвик за македонските претпријатија, но за нивно освојување
потребни се комплексни познавања за извозната процедура.
повеќе... |
контакт-лице
Христина Софеска
маркетинг-специјалист
тел.
(02)2 448 077
факс.
(02) 2 448 240

кредит-систем
ECTS
long life learning
распоред за април - јуни 2008 (.pdf)
цени 2008/2009 (.pdf)
|