![]() |
|
НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА Со завршување на обуката за сите предмети (Енергетски ефикасни системи, Проект-менаџмент, Бизнис-планирање и менаџмент и Финансиско планирање и анализа) кандидатите добиваат сертификат за ESCO Manager.
УСЛОВ ЗА УПИС Завршено минимум средно образование или високо образование од сите профили
ЦЕНА
МОЖНОСТ ЗА ПОПУСТ
|
|
I ГРУПА 15 септември 2008
II ГРУПА 10 февруари 2009
|
|
|
ESCO Management
ЕСКО МЕНАЏМЕНТ Менаџирањето на проектите во ЕSCО претпријатијата подразбира управување со сеопфатни анализи на проектот (технички и финансиски) при подготовка на проектот за избор на соодветна опрема за заштеда, но и подготовка на бизнис-план кој ќе предвиди унапредување на бизнисот на клиентот низ заштеда на енергетските трошоци и, се разбира, навремена исплата на евентуалните финансиски задолжувања. Договорот за соработка со клиентот во кој се гарантира енергетската заштеда од инсталираната опрема може да трае од 5 до 10 години, период во кој ЕSCО менаџментот треба успешно да менаџира со одржување на опремата и системот кој донесува енергетска заштеда. Многу важен фактор во промовирањето на ЕSCО типови на проекти е политиката на енергетски цени во државите. Во Македонија, евидентната дерегулација на енергетскиот пазар и развојот на инструменти за финансиска поддршка во енергетиката се важни движечки сили на енергетски ефикасните инвестиции. ЕSCО-проектите придонесуваат за енергетски и финансиски заштеди, но и за намалување на емисиите на штетни гасови, особено на CО2 на глобално ниво, што овозможува пристап за финансирање на проектите од меѓународни финансиски и донаторски организации и специјализираните фондови на Европската Унија. |
|||
|
ЕSCО-менаџментот ќе помогне да се склопат предизвиците на енергетски ефикасните проекти: идентификација и евалуација на можностите за енергетска заштеда, развој на технички дизајн и спецификација, менаџирање на проектот од дизајн до инсталирање и мониторинг, обезбедување на финансирање на проектот, обука на клиентот и овозможување континуирани услуги за одржување, како и гаранција дека заштедите ќе ги покријат сите трошоци на проектот. |
|||
|
Во пакетот ESCO Management се вклучени следниве обуки: |
|||
|
20 часа / 2 кредита - повеќе... |
30 часа / 2 кредита - повеќе... |
||
|
20 часа / 2 кредита - повеќе... |
30 часа / 2 кредита - повеќе... |
||
|
На кандидатите за секој предмет од обуката им следува печатена литература: |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart, PC Pentium IV за секој кандидат, DSL интернет-конекција и LCD-проектор. |
Почетокот на предавањата е од 10 февруари 2009 год.
Обуката се реализира во
четири
месеци
- два/три пати неделно во попладневни термини меѓу 17.30-19.30 и
19.40-21.40 часот
-
ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија тел. +389 2 244 8077,8134 фах. +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk
|
контакт-лице
распоред за февруари - април 2009 (.pdf)
|
|
други пакет-обуки на КОСМО
|
|
|
|
|
|
Идејата дека добриот производ сам ќе се продаде е погрешна во денешниот комплексен пазар, каде техниките на маркетингот и продажбата се многу поважни од тоа колку добро производот ја врши својата функција. Бизнисите секогаш имаат потреба од обучени и способни trade-менаџери кои го разбираат целиот продажен процес почнувајќи од маркетингот до финалното плаќање. повеќе... |
|
Oбуката за eнергетски проект-менаџмент е наменета за справување со предизвикот за одржување ниски трошоци додека цената на енергијата расте. |
|
|
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |