ПАРТНЕРИ

 

Цена

6.980,00 денари
(на две месечни рати по 3.490,00 денари)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

ценовник 2017/2018 (.pdf)

 

Програма за обука - download

 

Литература

сите учесници на обуката ќе добијат e-прирачник СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано подучување и учење

 

Метод на оценување

оценките се формираат статистички според ECVET-системот за оценување

 

Услов за добивање сертификат е успешно завршен писмен тест и регистрирано присуство на 70% од наставата

 

цена

6.980,00 денари

на две месечни рати по 3.490,00 денари)


фонд на часови: 20 / ECVET кредити: 1,5
(еден наставен час - 40 минути)


предавачи:
Искра Трајковска
Анета Мајсторова-Ивановска
Александра Арсовска-Белчовска

ISCED 5А сертифицирани, согласно ISBE-препораките

сертификат: Деловна организација и човечки ресурси


Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со уплата на една рата од котизацијата се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

 

беплатен е-прирачник за учесниците на обуката
СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Современите претпријатија и организациите функционираат во опкружување во кое социјалните, политичките и економските промени се случуваат толку брзо, што повеќето луѓе чувствуваат дека немаат влијание врз тоа. При тоа, многумина следат воспоставена организациска логика или систем, но понекогаш реагираат ирационално. Затоа, градењето организациска структура е постојан процес и прилагодување кон турбулентната и понекогаш хаотична средина. При тоа, улогата на човечките ресурси е пресудна во секоја организација. Само организациите кои располагаат со персонал со знаење, флексибилни процеси и адаптибилни технологии можат да поддржат промени потребни за адаптација, опстанок и напредок.

Успешното управување со човечките ресурси значи вклучување на луѓето во организацијата, помагање при реализација на нивните работни обврски, решавање на настанатите проблеми и надоместување за нивниот труд. За да се остварат наведените приоритети, одговорниот за управување со човечките ресурси треба да знае да ги употреби постојните методи за управување, да биде способен да реализира ефективен процес на селекција, да знае како да ги мотивира луѓето да работат ефективно, да знае да креира ефективна структура меѓу постојните човечки ресурси во организацијата, да знае како да помага индивидуално и да го поддржува тимот.

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • организациско однесување

  • вработување и селекција

  • управување со извршување на работата

  • обуки и развој (развој на човечки ресурси)

  • организациски промени

  • контрола во управувањето со човечки ресурси

  • управување со откази

  • мотивација на вработените

  • стратешки менаџмент на човековите ресурси и подобрување на конкурентноста

  • вештини на ефективно делегирање

  • креирање визија и начин на комуникација кои ќе ја поддржат размената на знаење во организацијата

Целта на обуката е воспоставување организациска структура на човечките ресурси која ќе овозможи услови за иновација, учење, споделување на знаењето и критичко мислење. Претпријатијата кои ќе ги подготват и организираат човековите ресурси да одговорат флексибилно на постојаните турбулентни промени ќе можат да имаат континуиран напредок во работењето.

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

(02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077, 075 438 576

(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.