СМЕТКОВОДСТВЕНО-ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ

english

 


мапа на сајтот


повеќе за ТЕМАТСКИТЕ ОБУКИ >>

повеќе за МОДУЛИТЕ (КУРСЕВИ и СЕМИНАРИ) >>

повеќе за RELAX-програмата >>

Целокупното работење во претпријатието како деловен систем се огледа низ извршувањето на неговите пет основни функции: набавна функција, производна функција, продажна функција, финансиска функција, информациона функција.

При тоа, треба да се воспостават оптимални параметри во планирањето, контролата, извршувањето и координирањето на спомнатите пет основни деловни функции.

Организационата поставеност на книговодството како инструментален систем на евиденција и доминантен дел во рамките на сметководствено - информациониот систем и одвивањето на информационата функција може да биде набљудувана од различни аспекти:

КВАЛИТАТИВЕН АСПЕКТ на организационата поставеност на книговодството во одвивањето на евидентирачката функција

Треба да се имаат во предвид следните елементи:

- законски прописи

- контните планови

- влијанието на механизмот на општествено политичкиот систем

КВАНТИТАТИВЕН АСПЕКТ на организационата поставеност на книговодството во одвивањето на евидентирачката функција

- сметководствено финансиска документација, како основен елемент на организационата поставеност на сметководствено информациониот систем

- деловните книги - хронолошката евиденција (дневникот), систематската евиденција (главната книга) и аналитичката евиденција (помошните книги)

- сметководствени форми и сметководствени методи

Во сметководствената литература и практика постојат најразлични модели за организација на евидентирачката функција во претпријатијата каде што се приложувани организациони шеми на сметководствено информациониот систем почнувајќи од:

- архивата

- ликвидатурата

- евиденција на паричните средства во касата

- евиденција на паричните средства на жиро сметката

- евиденција на кредитите за постојаните и обртните средства

- наплатна служба и сл.

- сметководство во чии рамки се инкорпорирани:

            - финансиско сметководство

            - материјално сметководство

            - погонско или т.н. книговодство на трошоците

            - сметковно книговодство

            - книговодство на постојаните средства

            - книговодство на специјалните дејности

            - книговодство на евидентирање на платите и сл.

- план и анализа во кој се инкорпорирани:

            - сочинување на финансиските планови

            - анализа на работењето на претпријатието

            - контрола и ревизија на работењето на претпријатието

КНИГОВОДСТВЕНИ ФОРМИ

Книговодствените форми изворно ја детерминираат организационата поставеност на сметководствено информациониот систем и книговодството набљудувано како негов интегрален дел и инструментален систем на евиденција.

Најчесто користени се следниве книговодствени форми: Италијанска книговодствена форма (стара италијанска и нова италијанска), Германска книговодствена форма (проста германска и проширена германска), Француска книговодствена форма, Американска книговодствена форма (американски дневник - главна книга)

Италијанска книговодствена форма

Најстарата книговодствена форма се појавила во Италија, уште во средниот век. Најстарата книговодствена форма се јавила во првиот нејзин облик како стара италијанска книговодствена форма а потоа со нејзиното усовршување била насловена како нова италијанска книговодствена форма.

Според старата италијанска книговодствена форма, книжењето поради непостоење на документација односно т.н. бележење, најпрвин се вршело во т.н. меморијал, односно потсетник кој бил во форма на подврзана книга, а потоа контактите се пренесувале во дневникот, па на одделните конта на главната книга кои биле во мал број и немало потреба од нивно аналитичко расчленување.

Според новата италијанска книговодствена форма, книговодствените настани од меморијалот се пренесуваат во два вида дневници и тоа: касов дневник, каде се евидентираат уплати и исплати на паричните средства и дневник прима-нота каде се евидентираат сите други книговодствени настани.

Германска книговодствена форма

Аналогно на италијанската, и германската книговодствена форма се јавува во две варијанти.

Во простата германска книговодствена форма од меморијалот односно од книговодствената документација се евидентира во два основни дневника: дневник прима-кота и касов дневник

Потоа, од овие два дневника се врши книжење во т.н. збирен дневник, па потоа од него се евидентира во главната книга и тоа строго во определени денови (седмично, десетдневно, месечно итн.) Книжењето во аналитичката евиденција оди директно од меморијалот, односно од документацијата, а не од дневникот.

Во рамките на проширената германска книговодствена форма се јавуваат четири вида дневници: касов дневник, дневник за набавки, дневник за продажба, дневник прима-кота.

Книговодствени настани од документацијата се евидентираат најпрво во некои од дневниците, потоа во заедничкиот главен или тн. Збирен дневник, а потоа седмично, десетдневно, месечно се евидентира во главната книга.

И во двете варијанти на германската книговодствена форма, бројот на дневници е строго ограничен на два.

Француска книговодствена форма

По оформување на книговодствената документација сите документи се делат во две основни групи:

- касови документи, кои што се книжат во специјален касов дневник

- некасови документи кои што се книжат во специјални дневници: дневник за набавка на стоки, дневник за продажба на стоки, дневник за трошоци, дневник за разни операции

Потоа од сите специјални дневници книжењата се пренесуваат во германскиот (збирен) дневник, а од него седмично, десетдневно, месечно итн. се книжи во главната книга. Од специјалните дневници се книжи и во аналитичката евиденција, односно во помошните книги.

Бројот на специјални дневници не е ограничен и истите се отвораат:

- доколку постојат поголем број на книжења, фреквенции на едно исто конто

- доколку постојат поголем број-валенции-оди поголем број конта со кои кореспондира едно конто

Американска книговодствена форма

Ова е т.н. американски дневник - главна книга и се води на еден вид табеларна форма на сметки, и тоа : колона за реден број, колона за дата, колона за број на документите, колона за краток опис, контролна колона каде се книжи вкупен износ, повеќе колони за поодделни конта со по две колони, за позитивни и негативни промени и на крајот последните две колони за суми (позитивни и негативни) и последната колона за текстуални забелешки. Бројот на редови не е ограничен, односно се отвораат според потребите.

Оваа форма е погодна за мали фирми со помал број на конта и многу е прегледна. Книжењата се вршат автоматски и едновремено во хронолошка евиденција и на главната книга.

КНИГОВОДСТВЕНИ МЕТОДИ

Книговодствените методи упатуваат на средствата со чија помош се одвива евидентирање на настаните, нивната обработка, добивањето соодветни информации. До денес, во сметководствената теорија и практика познати се следните книговодствени методи: преносна книговодствена метода, копирна книговодствена метода, машинска книговодствена метода, метода со дупчени картички, електронска метода или компјутеризиран систем на обработка на сметководствени податоци

Преносна книговодствена метода

Како најстара книговодствена метода, започнува употребата на т.н. подврзани книги, а потоа, во поразвиена форма, се среќава на тн. слободни листови, односно карточен систем. Се задржала и до денешно време од чисто педагошки причини за почетните книговодствени кадри за објаснување на редоследот на сметководствената постапка преку нејзините фази: оформување на книговодствената документација, контирање на книговодствени постапки на самиот документ или пак на налогот за книжење - операционата белешка, книжење во дневникот како хронолошка евиденција, пренесување на одделните сметки во главната книга како систематска евиденција, пренесување на одделните аналитички сметки во помошните книги итн. И на крајот, со отчитувањето на соодветни сметководствено - финансиски извештаи.

Копирна книговодствена метода

Минала низ две фази:

- Хинцеова метода - оригинал се книжењата во дневникот, а копија се книжењата на одделните картици од главната книга.

- Руфова метода - оригинал се книжењата на картиците на главната книга, а копија се книжењата на дневникот

И двете фази на копирната книговодствена метода се поусовршени во споредба со преносната книговодствена метода, затоа што книжењето преку индиго едновремено и на хронолошката и на систематската евиденција ја зголемува продуктивноста на трудот.

Машинска книговодствена метода

Со појавата на машините за пишување и сметање кои при книжењето на сметководствените настани покажуваат тотали и субтотали (вкупно износи) предностите се навистина многубројни:

- едновремено се автоматски книжења во две евиденции (хронолошка-дневник и систематска-картица на главната книга)

- текстот и бројките се читко, јасно, уредно и прегледно напишани

- книжењата можат да се добијат во повеќе примероци

- збировите се добиваат автоматски како субтотали и тотали

- салдата се добиваат автоматски, исти.

Метода со дупчени картички

Таканаречената холерит метода е претходница на електронската. Се употребува најмногу при пописите (население, имоти, сточен фонд). Книговодствената евиденција се одвива со помош на 4 видови машини: машина дупчалка, машина верифицирка, машина сортирка, машина табеларка.

Електронска книговодствена метода

Ова е најсовремен систем и најусовршена метода за книжење, обработка, изготвување и презентирање на сметководствено финансиски податоци и показатели во вод на табели, извештаи и сл.

Весна Хриџиќ

Информативно издание на
КОСМО Иновативен Центар.
Месечно ве информираме за нови иновативни бизнис-решенија
и активности кои ги објавуваме јавно како КОСМО ПРЕГЛЕД.

пријавете се... бидете во тек...

архива >>

ПАРТНЕРИ

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

 
 © 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.