НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Директна продажба и грижа за корисници, Социјални медиуми и on-line брендирање и Вештини на комуникација и односи со јавност) кандидатите добиваат сертификат за обука за Бренд-менаџмент.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Во денешното деловно опкружување претпријатијата се под голем притисок да остварат профит во кратко време, најчесто со намалување на трошоците, зголемување на продажбата, но истовремено да остварат и долгорочно зголемување на вредноста и брендот на претпријатието. Поради тоа, сè почесто финансирањето на буџетот за маркетинг, пропаганда и брендирање е редуцирано, а во претпријатијата се развиваат ефектни маркетинг и бренд-билдинг програми со помали трошоци.

Исто така, сè почесто се развива бренд-однос кон потрошувачите од страна на сите вработени во претпријатието, со што одговорноста за јакнењето на брендот не се ограничува на маркетинг-секторот, туку прераснува во бренд-култура на претпријатието. Затоа, основите на брендирањето (основни бренд-информации, бренд-термини, карактеристики на добар бренд и сл.) треба да бидат познати пред сè на вработените кои имаат непосреден контакт со клиентите, а особено на претставниците на одделот за комерција и продажба.


 

Претставниците на маркетинг-секторот треба да ги знаат улогите на брендирањето во стратешкиот маркетинг, различните видови стратегии за брендирање, новите технологии и медиуми (особено интернетот) кои можат да се користат за брендирање, чекорите на процесот за адаптација на потрошувачите и сл.

Целна група

Програмата е наменета за претставници на продажен сектор, комерција и/или маркетинг-сектор, координатори на продажен тим, продавачи, комерцијалисти во претпријатија кои се занимаваат со трговија или продажба на производи и услуги.


Структура на обуката

Програмата за обуката Бренд-менаџмент
е составена од 3 модули/семинари.

8 часа / 1 кредит повеќе...

8 часа / 0,5 кредити
повеќе...

8 часа / 0,5 кредити повеќе...

Целите на обуката се:

  • креирање и управување со силен бренд идентитет на претпријатијата

  • усогласување на вредностите на брендот со вредностите на клиентите

  • усвојување на бренд-менаџмент процесот во претпријатието

  • креирање и избор на средства на пропаганда (соработка со новински куќи, телевизија и радио)

  • развивање публицитет и односи со јавност

  • користење е-маркетинг средства за комуникација (Internet Advertising, Internet Marketing PR, Internet Sales Promotions, директен маркетинг, е-каталози, е-аукции)

  • употреба на влијанието на интернетот врз донесувањето одлуки за купување

  • употреба на социјални мрежи, блогови во брендирањето

  • поврзување на производот со потребите и желбите на купувачот за да може тој да ја види вистинската вредност на понудата

  • важноста на комуникацијата во продажбата

  • вербалната и невербалната комуникација во изградувањето на деловниот имиџ

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријавување и информации:

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.