|
|
Литература сите учесници на обуката ќе добијат литература БИЗНИС ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ
Метод на настава интерактивни техники на ангажирано поучување и учење
Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата
Цена 8 часа: 3.850,00 денари (плаќање на две рати)
МОЖНОСТ за авансни уплати за еден учесник - попуст од 10% за двајца пријавени учесници - попуст од 20% за тројца и повеќе учесници - попуст од 30%
|
12 мај 2012 година сабота: 10.00 - 16.00 часот |
ГРУПА - мај 12 мај 2012
ГРУПА - февруари 11 февруари 2012
Пријавување Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk, на факс (02) 244 8240 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.
Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.
|
|
фонд на часови:
8 / ECVET-кредити: 0,5 предавач: Ана Филиповска сертификат: Бизнис проект-менаџмент |
||
|
Проект-менаџментот претставува организирано реализирање на специфични и конкретни цели, кои служат на одредена функција или повеќе функции. Поедноставно кажано, проект-менаџментот може да се дефинира како менаџмент-активност за конкретна цел, која се реализира за првпат за сопственикот или нарачателот на проектот. Од друга страна, бизнис-менаџментот се дефинира како серија на менаџмент-активности, кои се прават многупати за извршување на целокупната цел. Оваа цел е, вообичаено, профит. Според тоа, Бизнис проект-менаџментот ќе се дефинира како менаџмент-активности кои се прават првпат за време на тековното водење на бизнисот. Доколку овие менаџмент-активности се повторат неколку пати со цел обезбедување профит, тогаш ќе станат активности на бизнис-менаџментот. Денешните работни места имаат сѐ подинамична природа и комплексност. Денешниот менаџмент има сѐ повеќе проблеми во постигнувањето ефективно планирање, организирање, мониторинг, координирање и водство. Постои потреба од дистрибуирани методи за олеснување на планирањето, организирањето, мониторингот и координирањето, за луѓето да постигнат високо ниво на продуктивност. Сѐ повеќе менаџери во бизнисот воведуваат проект-менаџмент методи. Сепак, методологијата ма проект-менаџментот е дизајнирана за менаџирање на проекти низ хиерархиски поставена организација, а современите менаџмент-методи треба да менаџираат поединци и тимови за реализирање на задачите и проектите во хиперархиска (динамична хиерархиска) средина. Бизнис проект-менаџментот го надминува тој јаз и ги приближува методите на проект-менаџментот за нивна имплементација во бизнис-менаџмент процесите. |
||
|
Цели на семинарот Семинарот Бизнис проект-менаџмент има цел менаџерите, проект-менаџерите и раководителите да ги подготви за повисоко ниво на водење на проекти и водење на бизнисот, како и за постигнување високо ниво на продуктивност. |
||
|
Семинарот ќе се фокусира на следните теми:
|
||
|
|
Учесниците на семинарот ќе реализираат индивидуални и групни вежби, групни дискусии, групни активности и бизнис-симулации дизајнирани за постигнување ефективна едукација, а со завршување на семинарот кандидатите ќе го научат следново:
|
|
|
Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор |
Семинарот БИЗНИС ПРОЕКТ-МЕНАЏМЕНТ ќе се реализира на 12 мај 2012 година
ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија телефон: +389 2 244 8077, 8134 факс: +389 2 244 8240 e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk |
контакт-лице
Закон за образование на возрасните (.pdf)
распоред за курсеви февруари - мај 2012 (.pdf) распоред за семинари ПРОЛЕТ 2012 (.pdf)
|
|
почетна услуги обуки производи референци работа за нас контакт |
|
© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани. |