Цена
12 часа:
4.450,00 денари
(плаќање на две рати)

 

МОЖНОСТ
ЗА ПОПУСТ

за двајца пријавени учесници

- попуст од 20%,

за тројца и повеќе учесници

- попуст од 30%

 

Метод на настава

интерактивни техники на ангажирано поучување и учење

 

Услов за добивање сертификат е активно учество на обуката и регистрирано присуство на 70% од наставата (најмалку три модули)

 

 

фонд на часови: 12 / ECVET-кредити: 1
(еден наставен час - 40 минути)

предавач: Шуна Спировска
ISCED 5А сертифицирана, согласно ISBE-препораките

(CV, тренери)

Пријавување

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата. 

сертификат: Бизнис планирање


Отпочнувањето нов бизнис, како и одржувањето и развивањето на постојниот бизнис, е насочено кон остварување на поставената цел, како резултат на што се остварува добивка. Еден од првите услови за постигнување поголема добивка е планирањето на бизнисот.

Планирањето на работата што треба да се остварува во наредниот период во рамките на водење на бизнисот може да се искаже преку изработка на деловен план.


При отпочнување на било каков бизнис, при нивното регистрирање се бара поднесување и деловен план.

Пристапот за изработка на деловниот план зависи од големината и обемот на бизнисот, но и од тоа дали се работи за деловен план на почетнички или на постоечки бизнис.

При изработка на деловен план на почетнички бизнис треба да се знае:
- видот и обемот на работата
- капацитетот со кој се располага
- начинот на продажба
- обемот и дистрибуцијата на набавката
- пазарот и барањата на пазарот
- приходите и расходите кои треба да се направат
- извори за финансирање

Изработката на деловниот план за постоечки бизнис ги опфаќа сите податоци потребни за деловниот план за новиот бизнис, надополнети со податоци и анализа за реализација на предходниот деловен план.


Цели на обуката

Целта на обуката е унапредување на примарната менаџерска функција на учесниците – деловното планирање, со менторска поддршка за подобро планирање на разновидни активности и процеси во организациите кои функционираат и се менуваат со голема динамика во денешното деловно опкружување. Исто така целта е изработка на претприемачки бизнис план кој ќе ја оправда големината на вложениот капитал.

Програмата ќе се реализира со четири модули, кои можат да се следат издвоено,
по редослед и според можностите и потребите на заинтересираните слушатели, секој вторник во ист термин во текот на целата година:

Претприемничко планирање
(информација за бизнисот, цели, мисија и визија на бизнисот)

Маркетинг план
(истражување на пазарот, производ, цена, дистрибуција, промоција)

Менаџмент и финансиски план

SWOT анализа

Обуката се реализира во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар, опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 

пријава

ЈАВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ 

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје, Македонија

телефон: (02) 244 8077, 075 438 576, факс: (02) 244 8134

e-mail: contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.