НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КОМПЛЕТНАТА ОБУКА

Со завршување на сите модули (Одржлив развој на туризмот, Маркетинг на алтернативен и рурален туризам и Е-туризам), кандидатите добиваат сертификат за обука за Алтернативен туризам.

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се реализира со пополнување на пријава и доставување на e-mail, на факс (02) 244 8134 или на адресата на КОСМО Иновативен Центар, бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје.

 

Со почетокот на наставата, кандидатите потпишуваат „договор за обука“, со што се потврдува пријавата за обуката и се резервира место во групата.

KNOW-HOW ТРЕНИНГ-ПРОГРАМА


Светската туристичка организација (The World Tourism Organization) го дефинира одржливиот туризам како „туризам кој се реализира преку менаџмент на сите ресурси, на таков начин што економските, социјалните и естетските потреби ќе бидат задоволени истовремено со одржување на културниот интегритет, важните еколошки процеси, биолошката разновидност и системите за поддршка на живиот свет“.

Овие принципи означуваат дека одржливиот туризам се држи на четири столбови: економска, еколошка, културна одржливост и одржливост на заедницата. Во развојот на овие четири принципи главни учесници се локалната економија (бизнисот), локалната заедница (населението) и локалната екологија (претставена од локалните менаџери за животна средина). Секоја локална заедница – општина (мала или голема) ги има главните учесници инволвирани во развојот на одржливиот туризам.


 

Алтернативниот туризам ги комбинира туристичките производи и услуги поинаку споредено со масовниот туризам во однос на набавките, организацијата и човечките ресурси. Алтернативниот туризам, меѓу другото, може да биде рурален, екотуризам, авантуристички, тематски (поврзан со културното и историско наследство), религиски, вински и друг вид туризам.

Руралниот туризам се фокусира на партиципирање во руралниот начин на живеење и на тој начин претставува варијанта на екотуризмот. Секоја рурална населба или село може да биде туристичка атракција - добро зачуваната природа, автентичните рурални предели и традиционалниот начин на правење вино, на пример, се дел од предусловите за развој на производот/услугата - алтернативен туризам.


Структура на обуката

Програмата за обуката Алтернативен туризам
е составена од 3 модули/семинари.

16 часа / 1 кредит

повеќе...

8 часа / 0,5 кредити

повеќе...

8 часа / 0,5 кредити

повеќе...

На обуката ќе се обработат следните теми:

  • разбирања за потребите од одржлив развој на туризмот

  • туристички производ и услуги (природа, карактеристики, класификација), 7П

  • подготовка на проектни и бизнис-планови за одржлив развој на туризмот во регионите од заеднички интерес

  • маркетинг-концептот во одржливиот туризам

  • видови алтернативен туризам и можности во Македонија

  • алтернативен наспроти масовен туризам

  • 4П на маркетингот за алтернативни видови туризам

  • квалитетот - најважен концепт

  • воведување на методите на е-туризмот при менаџирањето на одржливиот туризам

  • подготовка на маркетинг-стратегии за развој на алтернативен и рурален туризам во рамките на принципите за одржлив туризам

Туристичкиот маркетинг е дефиниран како „континуирана адаптација на туристичкиот производ наспроти пазарот на кој е насочен“. Специфично за туристичкиот производ е тоа што тој може да се консумира само на местото каде е произведен. Исто така, туризмот е комплексен производ, бидејќи за негово производство работат заедно повеќе бизниси и агенции во соработка со јавниот сектор. Поради тоа, за успешен маркетинг на туризмот во одредена дестинација, регион или држава е потребна соработка на сите учесници во подготовката на туристичкиот производ, за тој да може како интегриран производ да му се понуди на потрошувачот - туристот.

Обуката се реализира
во климатизирани простории на КОСМО Иновативен Центар,
опремени со современи аудио-визуелни технички средства за настава, flip-chart и LCD-проектор

 (02) 244 8077; 075 438 576 факс: (02) 244 8134
contact@cosmoinnovate.com.mk

контакт-лице
Христина Софеска
информации/пријави

тел.
(02) 244 8077; 075 438 576
(02) 244 8134

 

кредит-систем ECTS

 

кредит-систем ECVET

 

Закон за образование на возрасните (.pdf)

 

 

ценовник 2017/2018 (.pdf)

почетна      услуги      обуки      производи      референци      работа      за нас      контакт

© 2003 КОСМО Иновативен Центар. Сите права задржани.